01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека со пренесувањето на посмртните останки на цар Самуил во Бугарија, неговата „немирна душа конечно ќе најде мир и свој дом“.
„Се врати таму, во саканата Бугарија, која ја бранеше по секоја цена“, изјави Јотова пред новинарите, коментирајќи го договорот меѓу Бугарија и Грција за предавање на останките на цар Самуил.
Според неа, договорот е значаен успех на бугарската влада и дипломатијата. Таа рече дека со години ги следела разговорите со грчката страна и оцени дека постигнатиот договор е важен за Бугарија.
На прашањето дали очекува реакција од Скопје и од Владата на Северна Македонија, Јотова одговори дека „секогаш може да се очекува реакција оттаму“, без дополнително да го коментира прашањето за цар Самуил.
Бугарскиот премиер Румен Радев претходно соопшти дека на трети октомври во Музејот на византиската култура во Солун ќе се одржи церемонија на која Грција официјално ќе ѝ ги предаде останките на Бугарија.
Потоа тие со воен авион ќе бидат пренесени во Софија и положени во посебен саркофаг во црквата „Света Софија“. На Бугарија треба да ѝ бидат предадени и останки од уште два саркофага, за кои бугарските власти велат дека му припаѓаат на цар Гаврил Радомир и на други членови на царското семејство.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

