30 септември 2026
• од Гоце Кически
Авион на „Флајдубаи“ што летал од Дубаи кон Тел Авив принудно слетал во Саудиска Арабија по сериозен инцидент во пилотската кабина. Израелските власти тврдат дека еден од пилотите го нападнал својот колега и се обидел да го преземе авионот, додека мотивот сè уште официјално се истражува.
Според израелски извори, копилотот го избодел пилотот и авионот почнал нагло да губи височина. Патници и членови на екипажот успеале да го совладаат напаѓачот, по што други пилоти ја презеле контролата. Авионот со повеќе од 170 патници безбедно слетал во Табук, во Саудиска Арабија. Сите патници се безбедни.
„Флајдубаи“ потврди дека имало физички судир во пилотската кабина и дека членови на екипажот успеале да го обезбедат авионот и да го пренасочат кон Саудиска Арабија. Компанијата нагласи дека причините и мотивите за инцидентот сè уште не се утврдени и повика да не се изнесуваат предвремени заклучоци.
Израелските безбедносни служби го истражуваат случајот како можен терористички напад. Засега нема потврдени докази дека напаѓачот дејствувал по наредба на странска држава или организација. Израелските власти соопштија дека била избегната голема трагедија.
Руски напади врз Киев: Најмалку четворица загинати, погодена енергетската мрежа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

