01 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Посмртните останки на цар Самуил ќе бидат пречекани во Софија со официјална церемонија, откако Бугарија и Грција постигнаа договор за нивно пренесување. Бугарскиот министер за култура Евтим Милошев го оцени настанот како историски момент.
Милошев изјави дека, според договорот, Бугарија ќе ѝ отстапи на грчката страна црковни предмети кои ќе бидат изложени во манастири во северна Грција. Тој нагласи дека станува збор за размена на културни артефакти, а не за трговска зделка.
Според него, сопственоста врз предметите што ги дава Бугарија нема да биде пренесена. Тие ќе останат заведени во фондот на бугарскиот Национален историски музеј, а во Грција ќе бидат дел од постојана изложба. Милошев додаде дека меѓу нив нема ракописи, туку само црковна утвар.
Бугарските власти најавија дека церемонијата ќе се одржи во сабота во 12 часот и 30 минути на плоштадот „Батенберг“ во Софија. Оттаму посмртните останки на Самуил ќе бидат пренесени до црквата „Света Софија“.
Милошев ги повика граѓаните да присуствуваат на церемонијата и оцени дека враќањето на останките, кои бугарските власти го поврзуваат со своето историско наследство, треба да биде повод за обединување.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

