01 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Владата на Христијан Мицкоски дека го блокира европскиот пат на земјата и дека во медиумскиот простор има силно српско и влијание поврзано со кругови блиски до Виктор Орбан. Изјавите ги даде во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која на 2 октомври доаѓа во Скопје.
Филипче рече дека СДСМ во изминатите две години предупредувал на српско влијание, на влијание поврзано со Орбан и на унгарскиот кредит, преку кој, според него, во земјата влегуваат кинески пари. Тој повтори и дека ја смета актуелната Влада за антиевропска.
Лидерот на СДСМ изнесе и обвинувања за состојбата во медиумите. Тој тврди дека премиерот има контрола врз дел од медиумскиот простор и дека значителен дел од медиумите се поврзани со сопственици блиски до Орбан.
„Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека премиерот тука ги контролира медиумите?“, рече Филипче. Тој дополнително тврдеше дека во земјата се регистрирани и српски медиуми на начин што, според него, е спротивен на законот.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

