01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарските власти ќе обезбедат бесплатно патување со воз до Софија за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на свечениот пречек на посмртните останки на цар Самоил на 3 октомври.
Како што соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски, МТС, ќе се издаваат бесплатни билети. Патниците ќе плаќаат само резервација за седиште во износ од 0,51 евро.
„Присуството на луѓе од целата земја ќе биде израз на почит кон делото и споменот на еден од нашите најзначајни владетели“, изјави бугарскиот министер за транспорт Георги Пеев, соопшти МТС.
За настанот ќе бидат определени посебни возови од повеќе делови на Бугарија. Распоредот е организиран така што патниците да пристигнат во Софија пред почетокот на церемонијата во 12:30 часот и да се вратат истиот ден.
Бугарските железници објавија дека дополнителни информации за маршрутите и условите за патување се достапни преку нивните официјални канали.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

