01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Европската комисија соопшти дека се обезбедени средствата потребни за буџетот и одбраната на Украина до крајот на 2026 година. Со тоа е надмината неизвесноста околу финансискиот недостиг од 27 милијарди долари, на кој Киев предупреди во август.
Европската Унија претходно обезбеди заем од 90 милијарди евра за поддршка на Украина во 2026 и 2027 година. За оваа година се предвидени 45 милијарди евра, од кои значителен дел е наменет за зајакнување на украинската одбрана и набавка на оружје и воена опрема.
Поддршката треба да ѝ овозможи на Украина да продолжи да ги финансира основните државни услуги и истовремено да ја зајакнува одбраната од руската воена агресија. Европската комисија наведува дека средствата се поврзани и со реформи во владеењето на правото, борбата против корупцијата и економската стабилност.
Во Брисел веќе се подготвуваат и за финансиските потреби во 2027 година, додека Украина се соочува со продолжени руски напади врз енергетската, индустриската и транспортната инфраструктура. Европските власти побараа и другите меѓународни партнери да ги исполнат преземените финансиски обврски и да ја продолжат поддршката за украинската одбрана.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

