29 септември 2026
• од Гоце Кически
Седум од десет британски гласачи сакаат Велика Британија да изгради поблиски односи со Европската Унија, покажува нова анкета спроведена за „Политико“. Поддршка за зближување има и меѓу гласачите на евроскептичната партија Реформ Обединето Кралство на Најџел Фараж.
Според резултатите, 31 отсто од испитаниците сакаат поблиски односи со Брисел, но без обврска Британија повторно да следи правила на ЕУ. Дополнителни 39 отсто се за уште потесна соработка, дури и ако тоа подразбира прифаќање на дел од европските правила.
Меѓу гласачите на Реформ Обединето Кралство, 51 отсто се за поблиски односи со ЕУ, додека 25 отсто сакаат поголемо оддалечување. Сепак, поддршката за поблиска соработка не значи автоматски и поддршка за враќање на Британија во Унијата. И други неодамнешни истражувања покажуваат дека поблиските врски со ЕУ имаат поширока поддршка од целосното враќање на прашањето за членство.
Анкетата доаѓа во момент кога владата на премиерот Енди Барнам најавува поблиски односи со Европската Унија, додека дел од лабуристите бараат поширока дебата за идниот однос на земјата со Брисел. Барнам е премиер од 20 јули годинава.
Истражувањето опфатило 2.028 возрасни лица во Велика Британија и било спроведено од 13 до 15 септември.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

