01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Украина за првпат ја употребила во борба својата тактичка балистичка ракета ФП-7, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Прва борбена употреба. Ви благодарам за резултатот. Следно е производството“, напиша Зеленски, пренесува Ројтерс.
Тој не откри каде била употребена ракетата ниту која била нејзината цел. Според украински воени аналитичари, ФП-7 е ракета со краток дострел од околу 200 километри.
Украина го забрзува развојот на сопствени балистички ракети како дел од напорите за зајакнување на одбраната од руските ракетни напади. Зеленски претходно годинава изјави дека тестирањата покажале добар потенцијал за нивна употреба од украинската армија.
Производителот на ФП-7 соопшти дека системот се развива и како дел од европската програма за ракетна одбрана „Фреја“. Украина очекува првиот прототип на европскиот систем за противбалистичка одбрана да биде подготвен во првата половина на следната година.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

