01 октомври 2026
• од Гоце Кически
СДСМ нема да поддржи измени на Изборниот законик за кои смета дека отвораат простор за манипулации, изјави претседателот на партијата Венко Филипче. Тој реагираше откако ДПМНЕ и Левица разговараа во Министерството за правда за измените на изборното законодавство.
Филипче рече дека СДСМ ќе ги поддржи само измените што се во согласност со препораките на ОБСЕ. Тој се спротивстави на гласање на дијаспората по електронски пат или преку пошта, како и на промени во начинот на означување на гласачките ливчиња.
Според него, таквите решенија би можеле да овозможат притисок и контрола врз гласачите. Тој ги оцени како „неевропски“ и „недемократски“.
Филипче ја критикуваше и поддршката на Левица за предложените измени, нарекувајќи ја партијата „руска партија“. Тој оцени дека е противречно партија која, според него, е против европската ориентација на земјата да поддржува закон што се претставува како дел од европските реформи.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

