01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Украинските сили погодиле повеќе руски воени цели во окупираните делови на Украина, меѓу кои складиште и локација за подготовка и лансирање нападни дронови во близина на Донецк, пренесува „Укринформ“, повикувајќи се на украинскиот Генералштаб.
Според објавените информации, нападите биле извршени на 30 септември и во раните утрински часови на 1 октомври. Украинската армија соопшти дека целта е да се намали способноста на руските сили да користат нападни дронови против Украина.
Погоден бил и руски команден пункт за дронови во близина на Покровск, како и складиште со ракетно и артилериско вооружување во Луганската област.
Украинските сили навеле дека нападнале и место со концентрирана руска воена техника во Запорошката област. Генералштабот, исто така, соопшти дека е потврдено уништувањето складишта за дронови на руската единица „Рубикон“ кај окупираната Волноваха.
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

