01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна оцени дека руските напади во Европа не треба да се опишуваат само како „хибридни“. Во интервју за „Политико“, тој рече дека станува збор за терористички и саботажни напади и оцени дека тоа е „некој вид војна“ против Европа.
Цахкна повика европските држави да настапат обединето, подобро да разменуваат разузнавачки информации и јавно да ги посочуваат одговорните за нападите. Тој предупреди дека целта на Москва е да создава страв, поделби и да го наруши европското единство.
Неговите изјави следуваат откако Естонија соопшти дека руските безбедносни служби стојат зад подметнувањето пожар во август во објект во Талин што го користи одбранбената компанија „Милрем Роботикс“. Компанијата произведува беспилотни копнени возила што се користат во Украина. Тројца осомничени државјани на Латвија беа приведени и предадени на Естонија.
За „Политико“, Цахкна порача дека европските земји треба поблиску да ги координираат разузнавачките и безбедносните служби и појасно да им стават до знаење на лицата што соработуваат со руските служби дека ќе се соочат со сериозни последици.
Тој рече дека во моментов Русија не е во состојба да започне голем воен напад врз НАТО, но предупреди дека тоа може да се промени во иднина. Според него, Европа треба да го искористи времето за подобра подготовка, зајакнување на безбедносните служби и побрз одговор на идни саботажи.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

