15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Основниот суд во црногорскиот град Улцињ ја прогласи за виновна 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и разорување на нивното живеалиште“. За ова дело, на скопјанката ѝ е изречена казна затвор во траење од 45 дена, пренесуваат медиумите од Црна Гора.
Според наводите во пресудата, инцидентот се случил на 24 јули оваа година, околу 15 часот попладне. Управувајќи автомобил марка „мерцедес“ низ населбата Улцињско Поле, на булеварот Теута во близина на хотелот „Хоти“, Стојановска најмалку двапати поминала со возилото преку куче од расата шарпланинец кое имало сопственик. Од здобиените тешки повреди, кучето угинало.
При носењето на пресудата и одмерувањето на казната, судот не нашол околности кои ја отежнуваат вината. Напротив, биле земени предвид повеќе олеснителни околности кои влијаеле на крајната одлука. Меѓу нив се семејните прилики на обвинетата, односно фактот дека е мајка на две деца од кои едното е малолетно, нејзината претходна неосудуваност, како и наодот од вештак – психијатар. Медицинското вештачење утврдило дека скопјанката била во состојба на битно намалена пресметливост во моментот кога го извршила кривичното дело.
Од судот во Улцињ потенцираат дека казната е соодветна на тежината на делото и на личноста на обвинетата. Дополнително, се истакнува дека пресудата треба да послужи како јасна општествена осуда за секаков вид насилство, мачење или убивање на животни, како и превенција за идни противправни однесувања.
Во затворската казна од 45 дена на Стојановска ќе ѝ биде пресметано и времето кое веќе го поминала во притвор, почнувајќи од денот на инцидентот, односно 24 јули 2026 година.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

