15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Против градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поднесена е нова кривична пријава. Тој се сомничи за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ според член 353-в од Кривичниот законик. Кривичната пријава е резултат на полициска акција на Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје, а по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје.
Покрај Јакимовски, кривично се пријавени уште две лица од Општина Карпош за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Станува збор за Благица Блажевска, раководителка на Секторот за урбанизам, против која се поднесени четири кривични пријави, како и Симона Серафимовска Ѓуреска, вработена во истиот сектор, против која се поднесени две пријави.
Според пријавата, случајот се темели на две главни основи:
Со овие постапки, според полицијата, на инвеститорите им било овозможено противправно да се стекнат со право на изградба на објект во вредност од 13.021.914 денари.
Кривичната пријава веќе е доставена до Основното јавно обвинителство Скопје, кое треба да постапи по доказите кои ги прибрала полицијата.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

