14 септември 2026
• од Темелко Тошев
Вистинска драма се одвивала утринава во главниот град откако машко лице скокнало во водите на реката Вардар, по што благодарение на брзата интервенција било извлечено и спасено.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот бил пријавен утрово, 14 септември, околу 08:00 часот, на подрачјето помеѓу Аеродром и Гази Баба. По добивањето на повикот, полициски службеници од СВР Скопје веднаш се упатиле на местото на настанот.
Лицето за среќа било пронајдено и извлечено од реката, по што со возило на Итната медицинска помош било итно пренесено во болница со цел укажување на неопходната лекарска нега и помош.
„Денеска (14.09.2026) околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на река Вардар на подрачје на Гази Баба скокнало едно машко лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот. Лицето со возило на Брза помош е пренесено во болница за укажување на лекарска помош“, стои во соопштението од МВР.
Од полицијата информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за овој немил настан.
МЗ бара надзор од ДСЗИ за случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

