15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Златко Перински, најави воведување на построги контроли и измена на правилата за издавање боледувања со цел да се спречат можните злоупотреби. Една од клучните новини е дека матичните лекари во иднина ќе можат да издаваат боледување најмногу до пет дена, наместо досегашните седум. Овие предлог-измени на Правилникот за боледување наскоро ќе бидат доставени до Управниот одбор на Фондот.
Според податоците што ги изнесе Перински, само во месец август Фондот исплатил повеќе од 623 милиони денари по основ на боледувања. Од оваа сума, 414 милиони денари биле наменети за породилни отсуства, додека остатокот за други видови боледувања. Поради ваквите високи износи кои не се само буџетски ставки туку обврски кон осигурениците, тој потенцираше дека е неопходно воспоставување на јасни правила и контролни механизми со цел одговорно управување со системот.
Главните поенти од најавените промени вклучуваат:
МЗ бара надзор од ДСЗИ за случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

