16 септември 2026
• од Темелко Тошев
По повод Меѓународниот ден на демократијата, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја истакна важноста на слободата, плурализмот и еднаквоста во едно демократско општество.
Ахмети порача дека демократијата не смее да се ограничува само на институциите и изборните процеси, туку треба да претставува општествена култура и стандард за институциите и политичкото одлучување.
„Слободата не се преговара, достоинството не се релативизира, а еднаквоста не смее да остане само принцип на хартија“, напиша Ахмети во својата порака.
Според него, во општество кое се карактеризира со различности, демократијата мора да создаде простор за разликите, да го зајакне дијалогот и соживотот меѓу граѓаните.
„Соочени со предизвиците на времето и промените кои ги засегаат регионот и Европа, нашиот одговор мора да биде повеќе демократија, повеќе дијалог и повеќе разумност во носењето одлуки“, дециден е лидерот на ДУИ.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

