14 септември 2026
• од Темелко Тошев
Доколку Владата постапуваше во духот на доброто владеење и ги почитуваше принципите на транспарентност и отчетност, уште на првата прес-конференција во мај ќе им го соопштеше на граѓаните планот за прославата на независноста – колку се планира таа да чини, од каде ќе се обезбедат средствата и кој ќе биде одговорен за организацијата.
Ова го истакнува поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, во изјава за „Слободен печат“, осврнувајќи се на информациите дека за прославата се потрошени 4,8 милиони евра.
Ивановска потенцира дека финансиската конструкција за вакви настани секогаш се прави пред тие да започнат, а не откако ќе завршат. Таа додава дека неодамнешните изјави од надлежните оти за настанот не биле потрошени „буџетски средства“ се само обид за замајување на јавноста. Како што посочува, државата е единствен сопственик на „Државна лотарија“ и токму таа ги дава насоките за тоа како ќе се трошат средствата на оваа институција.
„Притоа, што е многу важно, ставањето клаузула за доверливост за трошење државни пари за прослави е само уште една лоша манипулација на граѓаните“, децидна е Ивановска.
Поранешната прва антикорупционерка смета дека на потег се надлежните истражни и контролни органи. Таа апелира Јавното обвинителство, Управата за јавни приходи (УЈП), ДКСК и Државниот завод за ревизија да постапат по допрен глас, да ги обелоденат фактите за функционерите кои не ги почитувале законските процедури и детално да проверат каде точно е прекршен законот при трошењето на овие милионски суми.
МЗ бара надзор од ДСЗИ за случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

