16 септември 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на политичката партија Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи реагираше на, како што вели, двојните аршини на правосудните институции, објавувајќи дел од списите од отфрлена кривична пријава за закани по неговиот и животот на неговото семејство.
Апасиев го спореди својот случај со неодамнешната итна реакција на институциите по заканата упатена кон премиерот Христијан Мицкоски („Свињо, ќе те колам на плоштад“), за која веднаш беше поведена кривична постапка.
Како што посочува лидерот на Левица, по негово телевизиско гостување, тој добивал низа сериозни закани од, според неговите зборови, радикални и екстремистички религиозни структури. Меѓу пораките и коментарите кои ги пријавил биле: „Лек за тебе е бесилка“, „За тебе само бензин и кибрит“, „Куќа ти горела, деца ти се радујеле“, „Иначе, тебе знаеме што ќе ти правиме“, „Ќе јадеш тежок ќотек по муцки“, „Смрт за ваквите“, „Вахабиите жена ти да ти ја еат“*, како и бизарни повици да се собираат пари за негов погреб.
Сепак, овие закани не биле доволна основа за Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје да покрене постапка. Во образложението на решението на Обвинителството, чија фотографија Апасиев ја сподели со јавноста, се наведува дека овие коментари се третираат како „политички говор“.
Според ОЈО, основа за ваквите коментари биле политичките изјави на оштетениот како активен политичар и пратеник. „Наоѓам дека истите претставуваат политички говор, односно може да бидат сместени во категоријата на политичка дебата, во однос на која праксата на Европскиот суд за човекови права дозволува многу пошироко поставени лимити за критицизам“, стои во документот од ОЈО.
Обвинителството констатирало дека, иако коментарите биле навредливи, непријатни за читање и претставувале агресивна критика врз политичките ставови на Апасиев, тие не претставуваат говор на омраза и не ги исполнуваат условите за казнено-правно гонење со оглед на слободата на изразување во политички контекст.
Објавата насловена „Колење vs бесилка“, Апасиев ја искористи за отворено да го проблематизира различното институционално постапување во двата случаи. Тој постави јавна дилема: зошто пораки во кои експлицитно се споменуваат бесилка, палење, смрт и физички напад врз него се третираат како демократски „политички говор“, додека вербалната закана кон премиерот резултираше со експресно кривично гонење. Апасиев ја повика јавноста сама да процени кои закани се посериозни и да донесе заклучок за селективноста на правдата во државата.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

