13 септември 2026
• од Темелко Тошев
Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, ги оствари своите претходни најави и официјално поднесе кривична пријава против членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Овој потег доаѓа по серијата несогласувања и јавни критики кои првиот човек на Левица ги упати на сметка на Антикорупциската комисија. Според пријавата, Апасиев ги товари членовите на комисијата за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за носење на, според него, политички мотивирани и незаконски одлуки кои имаат за цел да наштетат на неговиот и угледот на партијата.
Својот правен потег Апасиев го потврди и преку социјалните мрежи, каде што во својот препознатлив стил ја информираше јавноста и поддржувачите.
„Јас си стојам на зборот!“ – напиша кусо Апасиев, споделувајќи детали за поднесената пријава до Основното јавно обвинителство.
Од Левица повеќепати досега обвинуваа дека институциите, вклучително и ДКСК, се користат како алатка за притисок врз опозицијата. Поднесувањето на оваа кривична пријава е ескалација на односите меѓу партијата и Антикорупциска, откако комисијата во минатото отвораше предмети кои го засегаа работењето на партијата и нејзиното раководство.
Од Државната комисија за спречување на корупцијата засега нема официјална реакција по повод кривичната пријава поднесена од лидерот на Левица. Останува да се види како овој случај ќе се развива низ институционалните лавиринти и дали ќе добие судски епилог.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

