14 септември 2026
• од Темелко Тошев
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение упати жестоки критики и обвинувања кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради неговите изјави поврзани со неодамнешниот концерт на светски познатиот диџеј Дејвид Гета во Скопје. Според партијата, Мицкоски грубо ја манипулира јавноста со бројката на присутни граѓани, но и со начинот на кој се платил овој настан.
Од СДСМ посочуваат дека додека самиот Дејвид Гета објавил дека на шоуто во македонската метропола имало 50.000 фанови, Мицкоски таа бројка ја зголемил за дури четири пати.
„Шефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата. Дејвид Гета објави 50.000 фанови. Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на 'над 200.000 граѓани'. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста“, реагираат од опозициската партија.
Во фокусот на партиското соопштение е и финансирањето на настанот. СДСМ категорично ги демантира тврдењата на Мицкоски дека прославата не ги чинела граѓаните ниту еден денар. Според нивните информации, вистинската сметка изнесува 5,53 милиони евра, сума која била обезбедена преку Државната лотарија.
„Лотаријата е во државна сопственост, што значи им припаѓа на граѓаните. Добивката од неа треба да влезе во буџетот, а буџетот се народни пари. Крај на бајката. 'Нула денари' е лага. 'Пари од компании' е лага. 'Општествено одговорна фирма' е маска“, се нагласува во соопштението на СДСМ. Според партијата, милионските суми наместо за потребите на граѓаните, биле фрлени за „бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии“.
СДСМ предупредува дека најавите од власта за одржување на вакви настани секоја година значат само едно – „истата каса, истата провизија и истото надувување на цени и публика“. Тие го обвинуваат Мицкоски дека ваквиот метод на преувеличување го користи за сè, вклучително и за економските параметри, туризмот, авиосообраќајот и платите.
„Разликата не е во публиката. Разликата е во провизијата, надуена исто како и публиката. Ова не е прослава на независноста, туку на провизиите на една банда. Гета си замина со својата цифра, а граѓаните останаа со нова сметка“, заклучуваат од СДСМ.
МЗ бара надзор од ДСЗИ за случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

