15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати остри критики по повод неодамнешната изјава на министерот за правда од редовите на коалицијата ВЛЕН, нарекувајќи ја скандалозна и обвинувајќи дека истата нанесува тешка штета врз историската вистина и албанската кауза.
Во реакцијата на партијата се истакнува дека изедначувањето на жртвите од режимот на Милошевиќ со самите агресори претставува директно газење врз жртвата на еден цел народ и неговите напори за слобода.
„Соопштенијата на ВЛЕН не можат да го прикријат овој нивен став. Кога еден политички менталитет толку јасно ќе излезе на виделина преку изјавите на нивните претставници, подоцнежните формулации и оправдувања не можат да го поништат тоа“, порачуваат од ДУИ.
Според интегративците, ова не е само изолиран инцидент, туку јасен одраз на вистинската идеологија на ВЛЕН, која сега јавно била манифестирана од страна на нивниот министер.
„Штетата нанесена врз албанската кауза е без преседан и за ова се бара јасна политичка одговорност“, се заклучува во партиското соопштение на ДУИ.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

