15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот најнов извештај за јавните набавки во АД ЕСМ утврди низа сериозни нерегуларности и нерационално трошење на државните пари. Ревизорите обелоденија податоци за платени милионски суми за стоки, услуги и опрема кои воопшто не биле искористени или чија набавка не била целосно реализирана.
Еден од највпечатливите примери за недомаќинско работење, кој го нотира ревизијата, е набавката на адитив. Според извештајот на ДЗР, за оваа намена АД ЕСМ исплатило дури 141,6 милиони денари (околу 2,29 милиони евра). И покрај огромната сума одвоена за хемикалијата, најголемиот дел од набавената количина останал неискористен, по што на адитивот едноставно му истекол рокот на употреба.
Но, ова не е единствениот случај на „фрлени“ пари кој го забележале ревизорите. Во извештајот се истакнува дека дополнителни 1,7 милиони евра биле дадени за дислокација на опрема која потоа воопшто не била ставена во употреба.
Проблеми се утврдени и кај други капитални и скапи набавки. На пример, иако бил исплатен значителен дел од договорната вредност за мотор во висина од над 153 милиони денари (околу 2,48 милиони евра), тој подолг временски период воопшто не бил ставен во функција.
Извештајот на ДЗР за работењето на АД ЕСМ фрла светло врз сериозни пропусти во планирањето и реализацијата на јавните набавки. Ревизијата посочува на склучување милионски анекси на договорите и спроведување тендери со слаба или никаква пазарна конкуренција, што во крајна линија резултира со огромна финансиска штета за компанијата.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

