28 септември 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот пратеник од ГЕРБ Георг Георгиев изјави дека на Ива Михаилова не ѝ се дозволува да замине на лекување во Бугарија и покрај, како што рече, влошувањето на нејзината здравствена состојба. Тој денеска присуствуваше на продолжението на судскиот процес во Кочани.
Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство, е обвинета за тешко кривично дело поврзано со безбедноста во сообраќајот по несреќата од октомври минатата година, во која загина едно лице, а повеќе лица, меѓу кои и таа, беа повредени. По несреќата ѝ биле одземени документите, поради што не може да замине на лекување во Бугарија.
Георгиев оцени дека повтореното одбивање Михаилова да замине на лекување нема врска со кривичната постапка и порача дека нејзиното право на здравствена заштита треба да биде почитувано. Според него, таа нема намера да се сокрие или да ја избегне постапката, а институциите треба да обезбедат фер и транспарентен процес.
Според Михаилова, досега биле одбиени осум барања за лекување надвор од земјата, четири до судот во Кочани и четири до Апелациониот суд во Штип. Претходно беше објавено дека македонска здравствена институција дала мислење за сериозноста на нејзината состојба и за потребата од третман кој не може да биде обезбеден во Северна Македонија.
Бугарски пратеници присуствуваат на рочиштата во Кочани, наведувајќи дека ја следат постапката и почитувањето на правото на Михаилова на фер судење и соодветна медицинска грижа.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

