28 септември 2026
• од Гоце Кически
Поранешниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски побара посилна реакција од Бугарија и европските институции поради случајот со Ива Михаилова. Тој тврди дека одбивањето соодветно лекување е дел од поширок проблем со односот кон граѓани со бугарска национална самосвест.
Во изјава за „Таралеж“, Џамбаски оцени дека станува збор за „медицински терор“ и рече дека случајот на Михаилова не треба да се разгледува изолирано. Како друг пример го посочи случајот со Горан Чане, за кого тврди дека исто така се соочил со проблеми при добивањето медицинска помош.
Џамбаски, кој беше член на Европскиот парламент до јули 2024 година, побара бугарската дипломатија поактивно да го поставува прашањето за почитувањето на човековите права во Северна Македонија. Според него, треба да се разгледаат и санкции кон високи функционери, како и ограничување на нивниот пристап до Шенгенскиот простор.
Тој остро го критикуваше и судскиот процес против Михаилова и изрази уверување дека независна и непристрасна експертиза за сообраќајната несреќа би можела да даде поинаква слика за случајот. Денешното рочиште е насочено кон исказите на вештаците и експертизите за несреќата.
Џамбаски повика прашањето да биде поставено и пред европските партнери, со оценка дека секое сомнение за одбивање медицинска помош или прекршување на основните човекови права треба да биде предмет на сериозно институционално внимание.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

