29 септември 2026
• од Гоце Кически
Бугарското Министерство за надворешни работи денеска ја повика вршителката на должноста во Амбасадата на Северна Македонија во Софија, откако македонските власти не му дозволиле влез во земјата на бугарскиот пратеник Ангел Георгиев.
Георгиев, кој е шефот на парламентарната комисија за Бугарите во странство, на 27 септември требало да влезе во Северна Македонија како дел од бугарска парламентарна делегација.
Според бугарското Министерство за надворешни работи, целта на посетата била присуство на судско рочиште во Кочани во случајот против Ива Михаилова.
На средбата во Софија, бугарската страна побарала објаснување за причините поради кои на Георгиев овојпат не му бил дозволен влез, наведувајќи дека во претходните месеци тој без пречки влегувал во Северна Македонија по истиот повод.
Бугарските власти соопштија дека ваквата постапка ја сметаат за провокативна.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

