15 август 2026
• од Гоце Кически
Три нови случаи на западнонилска треска се потврдени во Скопје, со што вкупниот број на регистрирани случаи се искачи на 34, соопшти Центарот за јавно здравје.
Најмногу заболени има во Кисела Вода и Аеродром, а речиси половина од случаите се од Драчево. За првпат оваа сезона вирусот е потврден и кај жител на Арачиново.
Епидемиолозите посочуваат дека застоената вода во канали, базени и други површини создава услови за размножување на комарците. Тие препорачуваат дезинсекцијата во иднина да започнува порано, како и да се испита дали комарците развиле отпорност на средствата што се користат.
Во земјава досега се регистрирани и два смртни случаи од западнонилска треска. На 12 август беше прогласена епидемија во повеќе скопски општини и населби.
Вирусот најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец. Повеќето заразени немаат симптоми, но кај мал дел може да се развие тешка форма што го зафаќа нервниот систем. Граѓаните се повикуваат да користат средства против комарци, да носат облека што покрива поголем дел од телото и да ја отстрануваат застоената вода од дворовите и домовите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

