15 август 2026
• од Темелко Тошев
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го заврши настапот на Европското првенство во дивизијата „Б“ на 14. место, откако во Скопје убедливо загуби од Бугарија со 62:102.
Северна Македонија беше рамноправна само во почетните минути од натпреварот. Бугарските кошаркари потоа ја презедоа контролата и на полувреме веќе имаа предност од 54:29. По три четвртини резултатот беше 78:45, а разликата до крајот достигна 40 поени.
Селекторот на Северна Македонија, Стојановски, призна дека неговите кошаркари одиграле слаб натпревар, со многу тактички грешки и недисциплина.
„Денеска не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се држевме до планот и во многу моменти бевме недисциплинирани“, изјави Стојановски.
Тој оцени дека конечниот пласман е реална слика за можностите на оваа генерација, посочувајќи дека тимот нема доволно широка клупа. Според него, пред младите македонски кошаркари претстои уште многу работа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

