14 август 2026
• од Темелко Тошев
Гостиварската криза со загадената вода добива и правна разврска. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, информираше дека се поднесени кривични пријави против надлежните здравствени институции поради нивната задоцнета и неадекватна реакција во справувањето со проблемот од кој настрадаа голем број граѓани.
Во своето гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, Спасовски упати остри критики до надлежните здравствени власти, потенцирајќи дека тие дозволиле граѓаните со денови да пријавуваат сериозни симптоми на труење, без притоа да се преземат соодветни мерки.
„Државните органи коишто се надлежни во ситуација во која ви се пријавуваат луѓе со сериозни симптоми, и тоа трае шест дена пред вие да преземете било каков чекор, јасно ја лоцира одговорноста во здравствените власти. Затоа овие пријави се поднесени токму против нив, бидејќи сметаме дека треба да сносат одговорност од моментот кога се отвораат случаите“, дециден е Спасовски.
Тој нагласи дека се работи за основното здравје на луѓето, посочувајќи дека илјадници граѓани од Гостивар се затруле поради загадената вода. Според него, Обвинителството сега е на потег и располага со сите потребни методи, алатки и механизми за целосно и темелно расчистување на овој случај.
На крајот од своето излагање, Спасовски директно ѝ порача на актуелната Влада дека мора да научи да носи одговорност за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а не само да се фали со бројот на освоени пратеници.
„Не може Владата да излегува и да вели: ’граѓаните ни дадоа најголема поддршка, имаме толку и толку пратеници’. Тоа е супер, ама таа поддршка значи и огромна одговорност“, заклучи Спасовски.
Бугарија освои четири медали на Меѓународната олимпијада по информатика во Ташкент
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

