15 август 2026
• од Гоце Кически
Додека дел од граѓаните се соочуваат со високите трошоци за живот и тешко врзуваат крај со крај, премиерот Христијан Мицкоски откри дека една недела престојувал во Белгија, каде бил четири дена во Бриж и три дена во Брисел.
Мицкоски изјави дека патувањето било дел од семејната традиција еднаш годишно со својот син да посетува европски град и да се запознава со историјата на земјата. Претходно, како што рече, на вакви патувања биле во Прага, Будимпешта и Виена.
Годинава, според премиерот, одлучиле патувањето да го продолжат и да го претворат во „научнообразовна екскурзија“ во Белгија. Тој додаде дека за време на престојот во Брисел имал средба со инвеститори и најави три инвестиции во Северна Македонија наесен, но не соопшти конкретни детали за компаниите, вредноста на инвестициите или проектите што наводно треба да бидат реализирани.
Патувањето доаѓа во период кога трошоците за живот остануваат важна тема за македонските домаќинства.
Во јавноста претходно се појавија и тврдења во бугарски медиуми, поврзани со наводно протечени документи, дека членови на семејството на Мицкоски, меѓу кои и неговата сопруга, имаат бугарско државјанство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

