15 август 2026
• од Гоце Кически
Полицијата во изминатото деноноќие привела 12 возачи низ државата поради сомнение за „безобѕирно управување со возило“.
Од приведените, седуммина управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив имало и еден малолетник. Еден од овие возачи истовремено бил и под дејство на алкохол.
Дополнително, тројца возачи биле приведени поради возење под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило и покрај активна забрана за управување.
По целосно документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Полицијата апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

