14 август 2026
• од Темелко Тошев
Во најновата анализа на политичките и геополитичките случувања во регионот, поранешната пратеничка Никица Корубин посочува дека Северна Македонија е жртва на регионалните битки за превласт, пред сè во обидите на Србија да се наметне како главен лидер на Балканот.
Според неа, по исцрпувањето на механизмите за формално вето на нашиот евроинтегративен пат, сега на сцена стапуваат поинакви, повеќеслојни опструкции.
Корубин смета дека моменталните притисоци со кои се соочува државата се директна последица на регионалниот натпревар за моќ.
„Кој ќе ја наследи моќта на Југославија? Тоа е битката, и Србија ја води таа битка. Таа сака да биде регионален лидер, но за да биде тоа, тука ѝ е Бугарија, тука ѝ е Грција. Има и други регионални лидери, па таа битка се води преку нас, и ние сме колатералната штета“, истакнува Корубин.
Осврнувајќи се на изминатите три и пол децении државност, таа потенцира дека самиот опстанок и досегашниот напредок претставуваат огромен успех, со оглед на невидливите предизвици со кои се соочувало општеството.
И покрај сите пречки, Корубин нагласува дека државата остварила историски успеси: станала полноправна членка на НАТО и стигнала пред самиот праг на Европската Унија. Токму овој успех, според неа, е причината за новите методи на дестабилизација.
„Бидејќи сме пред прагот на ЕУ и бидејќи формално-практично нема како да се блокира државата преку вето, сега се активира овој начин – се активира ‘српскиот свет’“, објаснува таа. Корубин се повикува и на анализите на граѓанскиот активист Џабир Дерала, кој претходно го објасни повеќеслојното влијание и механизмите преку кои овој концепт дејствува во нашето општество.
На крајот од своето излагање, и покрај сложената регионална слика и обидите за опструкција, Корубин заклучува дека останува оптимист: „Јас не би била толку голем песимист“, верувајќи дека државата има капацитет да ги надмине и овие предизвици на својот пат кон Европа.
Бугарија освои четири медали на Меѓународната олимпијада по информатика во Ташкент
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

