15 август 2026
• од Димитар Стојановски
Во Софија официјално е пуштено во употреба ново проширување на третата линија на метрото, со три нови станици и траса долга околу три километри.
Изградбата траела четири години и чинела 284 милиони лева. Средствата се обезбедени преку бугарскиот План за закрепнување и отпорност, кој е поддржан со европски средства.
Новите станици се „Стадион Георги Аспарухов“, „Бесарабија“ и „Генерал Владимир Вазов“. Проширувањето треба да обезбеди побрз јавен превоз за неколку населби во Софија, а се очекува дневно да го користат околу 45 илјади патници.
Според процените, новата траса може да придонесе автомобилскиот сообраќај во овој дел од бугарската престолнина да се намали до 25 отсто.
Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, изјави дека проектот овозможува подостапен и поеколошки превоз и нагласи дека изградбата била сложена поради проблеми со подземните води и други технички предизвици.
Отворањето на новите станици е дел од натамошното проширување и модернизација на јавниот транспорт во Софија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

