15 август 2026
• од Димитар Стојановски
СДСМ бара надлежните институции јавно да го објават документот со кој се потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење, откако вчера функционери пред камерите пиеја вода и порачаа дека таа е исправна.
На прес-конференција, Маја Борозан од СДСМ изјави дека граѓаните со недели добивале различни и контрадикторни информации за квалитетот на водата. Според неа, првично било најавено дека резултатите од анализите ќе бидат готови на 20 август, но сега е соопштено дека водата е чиста шест дена порано.
Од СДСМ прашуваат која институција ја направила анализата, какви се резултатите и кој го потпишал извештајот со кој се гарантира дека водата е безбедна.
Партијата потсетува дека во изминатиот период имало различни информации за исправноста на водата, додека илјадници граѓани се соочиле со здравствени проблеми.
„Граѓаните не бараат здравица. Бараат чиста вода и гаранција дека е безбедна“, порача Борозан, барајќи надлежните јавно да ги објават анализите и документите за исправноста на водата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

