15 август 2026
• од Тодор Вангелов
Полицијата приведе две лица кои биле затекнати додека предизвикувале пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.
Во Битола, на 14 август околу 21:15 часот, полицијата привела 39-годишен жител на градот. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на местото познато како „Тепсија“.
Еден ден претходно, околу 23:10 часот, во Прилеп било приведено уште едно лице. Според полицијата, тоа било затекнато како предизвикува пожар на местото „Падарица“, а кај него била пронајдена и запалка.
Од полицијата соопштија дека по целосно документирање на случаите против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

