15 август 2026
• од Тодор Вангелов
Јапонската вселенска агенција ја претстави беспилотната сонда со која планира да земе примероци од Фобос, една од двете месечини на Марс, и да ги донесе на Земјата. Доколку мисијата успее, тоа ќе биде прв таков потфат во светот.
Сондата треба да биде лансирана најрано оваа есен од вселенскиот центар Танегашима во Јапонија. Според планот, таа следната година ќе стигне до Марс, а потоа ќе слета на Фобос и ќе собере песок и друг материјал од неговата површина.
За време на мисијата ќе биде набљудувана и Дејмос, втората месечина на Марс. По завршувањето на истражувањата, сондата треба да се врати кон Земјата и во 2031 година да испушти капсула со примероците над пустинска област во Австралија.
Научниците очекуваат анализата на материјалот од Фобос да помогне во истражувањето на потеклото и развојот на Марс. Мисијата треба да даде и нови сознанија за можната улога на неговите месечини во идните вселенски мисии со човечки екипаж.
Сондата е развиена од јапонската вселенска агенција и компанијата „Мицубиши електрик“, а проектот чини околу 55,3 милијарди јени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

