14 август 2026
• од Темелко Тошев
Остри критики за молкот на македонскиот државен врв, но и предупредувања за растечкото малигно влијание на Србија во регионот, упати Џелал Хоџиќ во своето последно обраќање. Тој предупреди на опасностите од реториката на таканаречениот „српски свет“ и нејзините реперкусии врз стабилноста на Западен Балкан.
Анализирајќи ги актуелните политички случувања, Хоџиќ посочи дека еден од клучните индикатори за негативното влијание врз нашата земја е отсуството на реакција од страна на македонските функционери на скандалозните изјави кои доаѓаат од соседна Србија. Тој конкретно ја апострофираше неодамнешната изјава на Снежана Пауновиќ.
„Има уште еден индикатор кој го пропуштивме за коментар, а тоа е отсуството на реакција на македонските државници во делот на изјавата на Снежана Пауновиќ, министерка за државна управа и локална самоуправа во Србија, која рече дека кога би имала можност, етнички би го очистила Косово“, истакна Хоџиќ.
Повикувајќи се на меѓународните оценки, Хоџиќ потсети дека ваквата политика на официјален Белград е веќе препознаена и санкционирана преку официјалните документи на Соединетите Американски Држави.
Тој се осврна на последниот закон усвоен од Стејт департментот кој се однесува на Западен Балкан, нагласувајќи дека во него јасно се укажува на недостатокот на демократски капацитет на српскиот режим.
Според Хоџиќ, деструктивната политика на српскиот државен врв не застанува само на Косово, туку се прелева и низ другите чувствителни прашања во регионот. Тој додаде дека негативното влијание на „српскиот свет“ кристално јасно се гледа и преку односот на Белград кон прашањето за геноцидот во Сребреница.
Ваквите ставови, предупредува Хоџиќ, бараат будност и јасни политички позиции од страна на македонската дипломатија, наместо игнорирање на реториката која повикува на етнички чистења и дестабилизација.
Бугарија освои четири медали на Меѓународната олимпијада по информатика во Ташкент
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

