15 август 2026
• од Гоце Кически
Полска наскоро ќе ја има најголемата армија во Европа, изјави премиерот Доналд Туск за време на одбележувањето на Денот на армијата. Варшава значително ги зајакнува вооружените сили по руската инвазија врз Украина.
На големата воена парада во Варшава учествуваа околу 2.000 војници и 300 оклопни возила. Воени активности беа организирани и во Гдиња, каде што Туск порача дека Полска гради модерна и бројна армија која ќе има важна улога во безбедноста на регионот.
Полските вооружени сили сега бројат околу 220.000 војници. Целта на властите е бројот да достигне 300.000 активни војници, со дополнителни 200.000 резервисти.
Туск нагласи дека зајакнувањето на полската армија е важно за безбедноста на источното крило на НАТО. Според него, Русија останува најголемата безбедносна закана за Полска и Европа поради војната против Украина и претходните нарушувања на полскиот воздушен простор.
Полскиот премиер истакна и дека поддршката за Украина е директно поврзана со националната безбедност на Полска. Тој порача дека, и покрај несогласувањата меѓу Варшава и Киев, двете земји имаат заеднички интерес во спротивставувањето на руската агресија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

