15 август 2026
• од Гоце Кически
Триесет и петгодишен жител на радовишкото село Бучим е приведен откако полицијата во неговиот автомобил пронашла 14.440 евра, за кои тој не приложил доказ за потеклото. Судот му определил притвор од 30 дена.
Според полицијата, М.В. бил забележан на магистралниот пат Радовиш–Штип иако претходно му била изречена забрана за напуштање на домот. Мерката била определена поради сомнение за кривично дело поврзано со неовластено производство и трговија со дрога.
Полицијата го запрела неговото „ауди“ кај крстосницата за селото Бучим. При прегледот на возилото биле пронајдени 14.440 евра во различни апоени, а осомничениот не приложил доказ за нивното потекло.
По насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициската станица во Радовиш. Следниот ден бил изведен пред судија, кој му определил притвор од 30 дена, по што бил спроведен во затворот во Скопје.
Полицијата продолжува со истрагата за потеклото на парите и за сомнение за перење пари и други приноси од казниво дело.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

