17 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Осумнаесетгодишник од селото Радиовце, Тетовско, е приведен под сомнение дека испратил лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 17 ноември, од 5:45 до 7:25 часот, полицијата извршила претрес во неговиот дом и помошните простории.
Во акцијата учествувале полициски служби за борба против тероризмот и насилниот екстремизам, за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане, објави Либертас.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

