15 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Американската новинска агенција The Associated Press објави сторија за повеќе од 1.000 говеда што слободно се движат низ Крива Паланка и околните села. Според агенцијата, животните уништуваат посеви, создаваат опасност на патот кон Бугарија и предизвикуваат загриженост за водоснабдувањето.
Жителите велат дека стадото им ги уништува градините и овоштарниците. Пензионерот Лазо Стаменковски за агенцијата изјавил дека говедата му уништиле повеќе од 150 дрвја во овоштарникот.
Градоначалникот Сашко Митовски тврди дека бројот на говеда за четири години пораснал од околу 400 на повеќе од 1.000. Тој побарал од Владата да прогласи 30-дневна вонредна состојба, велејќи дека општината нема законски овластувања самостојно да го реши проблемот.
Според Митовски, наредбата од 2024 година за одземање на стадото од тројцата сопственици не била спроведена. Тој предупредил и дека угинати говеда биле пронајдени во близина на главните извори за вода. Владата не одговорила веднаш на барањето на агенцијата за коментар.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

