14 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Од 15 ноември, сите возила што учествуваат во јавниот сообраќај мора да имаат пропишана зимска опрема. Обврската важи согласно законските прописи за безбедност на сообраќајот, информира Агротим, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.
За возилата до 3.500 килограми, зимска опрема се зимски пневматици на сите тркала со најмалку четири милиметри шара. Дозволени се и летни пневматици со најмалку четири милиметри шара, ако возилото има синџири за снег за погонските тркала. Кај возилата со погон на четири тркала, зимските пневматици треба да имаат шара од најмалку шест милиметри.
За возилата потешки од 3.500 килограми се потребни зимски пневматици на погонските тркала со шара од најмалку шест милиметри. Автобусите и товарните возила што поради технички причини не можат да користат синџири треба да имаат зимски пневматици и лопата.
Зимските пневматици се препознаваат по ознаките „М+С“ или по симболот снегулка на планина. Пневматици со клинци не се дозволени. МВР ги повика возачите да ја почитуваат обврската за побезбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

