17 ноември 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека државата има околу 700 милиони евра доспеани, но неплатени обврски кон стопанството. Според него, доцнењето на плаќањата и на повратот на ДДВ ја отежнува ликвидноста на компаниите.
Филипче го изнесе тврдењето во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма. Тој рече дека дел од компаниите се задолжуваат за да ги покријат тековните трошоци и предупреди дека некои се соочуваат со ризик од затворање и отпуштање работници.
Во соопштението објавено од СДСМ, Филипче го критикуваше и планирањето на буџетот. Според него, задолжувањето треба да се насочува кон капитални инвестиции што поттикнуваат развој, наместо кон покривање тековни расходи.
Тој оцени дека најавите за подобрување на економијата не се одразуваат врз животниот стандард на граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

