14 ноември 2026
• од Тодор Вангелов
Северна Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот бруто-домашен производ по жител за 2026 година, се наведува во соопштение на СДСМ, кое се повикува на проекциите на Меѓународниот монетарен фонд.
Според наведените податоци, БДП по жител во земјава се очекува да изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, Србија е на 17.126 долари, Црна Гора на 16.211, а Албанија на 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место.
На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска. Во соопштението се наведува и дека германскиот БДП по жител е повеќе од петпати повисок од оној во Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

