16 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Полицијата поднесе кривична пријава против 31-годишен жител на Охрид, осомничен дека ја нападнал својата 26-годишна девојка и ѝ нанел тешки телесни повреди. Судот, по барање на обвинителството, му одредил мерки на претпазливост.
Според информациите на CRNOBELO.com, инцидентот се случил на 15 ноември, по расправија што почнала во домот на осомничениот, а продолжила во неговиот автомобил. Жената била пренесена во болница, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Осомничениот бил приведен во 5:05 часот и задржан во полициска станица. Кривичната пријава е поднесена за сомнение за тешка телесна повреда.
Полицијата соопшти и дека таткото на жената бил приведен по пријава за наводни закани упатени кон осомничениот и неговото семејство. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

