17 ноември 2026
• од Стефан Николов
Преподобен Јоаникиј Велики бил пустиножител и монах, познат по долгогодишниот подвиг, смирението и дарот на чудотворство. Неговиот спомен се одбележува на 17 ноември.
Јоаникиј се родил во селото Марикати, во Витинија. Како момче бил овчар и често се повлекувал на молитва. Подоцна служел во војска, каде што се истакнал со храброст, а по завршувањето на воената служба се замонашил на планината Олимп во Мала Азија.
Повеќе од 50 години се подвизувал на различни места. Според црковното предание, лекувал болни, изгонува демони, скротувал ѕверови и претскажувал идни настани. Бил познат и по големото смирение и кротост.
Во времето на иконоборството, Јоаникиј првично ја прифатил таа струја, но подоцна го променил ставот и станал ревносен поборник на почитувањето на иконите. Бил близок со патријархот Методиј.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

