17 ноември 2026
• од Стефан Николов
Општина Крива Паланка побара дипломатска поддршка за трајно решавање на проблемот со повеќе од 1.000 грла добиток што неконтролирано се движат низ општината. За последиците ќе ги извести странските амбасади во земјава.
Според општината, добитокот без надзор се движи по улиците и патиштата, ја загрозува безбедноста на пешаците и возачите и предизвикува штети на земјоделските насади. Животни биле забележани и во дворот на средното општинско училиште, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на учениците.
Општината ги повика амбасадорите да го отворат прашањето во разговорите со Владата и надлежните институции, со цел да се договори координирано постапување, конкретни мерки и рокови. Од Општина Крива Паланка велат дека се подготвени да ги споделат податоците за пријавените штети и да помогнат во спроведувањето на мерките, објави Опсервер.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

