17 ноември 2026
• од Елена Иванова
Воен авион на српската војска се урна во близина на населените места Нова и Стара Пазова. Засега нема официјални информации за околностите на несреќата, типот на леталото или евентуални жртви и повредени.
Според Инфомакс, повикувајќи се на неофицијални информации од српскиот портал Н1, дел од српските медиуми објавиле дека станува збор за авион „МиГ-29“.
Во текстот се наведува дека српското Министерство за одбрана сè уште нема објавено официјални детали за несреќата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

