16 ноември 2026
• од Гоце Кически
Кај „Тумбе Кафе“ во Битола заврши безбедното отстранување на 2.262 неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од Првата светска војна, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Убojните средства биле пронајдени на околу 200 метри од најблиските куќи. Според Ангелов, тежеле околу 1,1 тон и содржеле вкупно приближно 135 килограми експлозив. Пиротехничарите ги отстраниле и уништиле.
Ангелов ги повика граѓаните што ќе забележат неексплодирани гранати, бомби или други убојни средства да пријават на бројот 112.
Извор: Скопје Инфо.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

