16 ноември 2026
• од Стефан Николов
Случајот со нападот врз 26-годишната Сара од Охрид предизвика реакции за постапувањето на институциите и за насилството врз жените. Габриела Илиевска праша дали осомничениот би бил пуштен дома со мерки на претпазливост доколку жртва била премиер или министер.
„Дали ако некој го претепаше премиерот или некој министер како што е претепана Сара, ќе беше пуштен дома со мерки на претпазливост?“, праша Илиевска, пренесува Скопје1.мк.
Таа оцени дека случајот можеби немало да добие поширока јавна видливост доколку не реагирала мајката на девојката и доколку за него не се пишувало на социјалните мрежи и во медиумите.
Илиевска ја критикуваше работата на институциите и посочи дека случајот, според неа, е уште еден пример за пошироките проблеми со насилството, корупцијата и партизацијата во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

