16 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Реликвија од 17 век, украдена во 1999 година од Бачковскиот манастир во Бугарија, е вратена од Естонија. Предметот ѝ бил предаден на бугарска делегација на 11 ноември во Талин, соопшти бугарското Министерство за култура, пренесува Трибуна.
Постапката започнала во мај, откако бугарските власти добиле информација дека реликвијата ќе биде понудена на аукција во Естонија. Продажбата била запрена, а естонските институции ги прифатиле доказите дека предметот потекнува од манастирот и бил незаконски изнесен од Бугарија.
Враќањето било овозможено со соработка меѓу бугарските и естонските институции, со координација на европските органи. Реликвијата има висока историска, научна и уметничка вредност, соопшти бугарското Министерство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

